ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ПРОНАЈДЕНО МРТВО: Пронајдени тела во куќа во Оклахома – меѓу кои и две деца

207
EPA-EFE/CJ GUNTHER

Пет мртви тела, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.

Полковникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува NBC News.

„Не станува збор за несреќа од типот на труење со јаглерод моноксид. Тие беа убиени“, додаде тој.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Најт рече дека меѓу жртвите има маж и жена, пишува Sky News. Началникот на училиштата во областа Мустанг, Чарлс Бредли, рече дека другите две жртви биле ученици, додека петтата неодамна дипломирала.

Според извештајот на локалниот весник Оклахоман, телата ги пронашол десетгодишно момче. На телото на мажот бил пронајден пиштол.