БИЗАРНА СМРТ ВО АВСТРАЛИЈА – Тинејџерка нападната од ајкула додека пливала во река!

459

Шеснаесетгодишна девојка била нападната и убиена од ајкула додека пливала во река во Западна Австралија, соопшти австралиската полиција.

Девојчето било прогласено за мртво откако било извлечено од реката Свон, во предградието Перт.

Инспекторот Пол Робинсон изјавил дека е можно тинејџерката да скокнала во водата за да плива со делфините кои биле видени во близина, пренесе Би-би-си.

Водни експерти велат дека е невообичаено ајкула да влезе во овој дел од реката.

Во Австралија, годишно има околу дваесет напади на ајкули врз луѓе, а повеќето од нив се случуваат во Нов Јужен Велс и Западна Австралија.

Два фатални напади на ајкула беа регистрирани во 2021 година, а седум во 2020 година.