Сладок пораз на МЗТ за пласман во полуфинале, Делалиќ во НБА-стил го имаше потегот на мечот (Видео)

Кошаркарите на МЗТ Скопје се последниот полуфиналист на АБА-2 лигата откако вечерва загубија со минимални 70-68 од Широки Бриег и успеаја да ја сочуваат предноста од +16 од првиот натпревар во Скопје.

Актуелниот шампион на Македонија во полуфиналето ќе игра против најдобрата екипа од регуларниот дел, Спартак Суботица, но традицијата вели дека Аеродромци никогаш не загубиле во полуфиналето на второлигашката јадранска конкуренција.

Натпреварот во Широки започна израмнето, но домашните во втората четвртина дојдоа до високи +15 и беа на чекор да ја надополнат негативата од првиот натпревар во Скопје. МЗТ на полувремето замина со негатива од 11 поени, но пласманот во полуфиналето го донесе одличната трета четвртина, која им припадна на Аеродромци со 14 поени разлика.

Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на МЗТ Скопје, Делалиќ, кој мечот го заврши со 18 поени, а токму тој го имаше и потегот на мечот, кога во последните стотинки од времето во третата четвртина постигна тројка од половина терен.

- Оглас -

Најнови вести