Search

Објавен конкурсот за ликовната изложба „Самоуки 2024“

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово го објави конкурост за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2024“.

Изложбата  е дел од годишната програма за изложби националната установа.

– Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници над 25 години од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Темата е слободна како и техниката, а секое дело треба да е опремено за закачување. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела, информира Роберт Цветковски од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Рокот за пријавување трае до 27.05.2024 година (понеделник – до 12 часот).

Изложбата ќе биде отворена на 14.06.2024 година.

Сите заинтересирани уметници повеќе информации може да добијат на телефонскиот број 031/415-099.

Никола Ивановски

Најново

Последни колумни