Рудар го декласираше Овче Поле и ја заврши сезоната!

Последното 18. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток беше отворено овој викенд со еден натпревар одигран во Пробиштип, а ќе се комплетира следниот викенд со останатите натпревари со што ќе биде ставен крајот на сезоната во Трета лига – Исток.

Рудар со убедливи 6:1 го декласираше Овче Поле од Свети Николе и со триумф ја заврши сезоната.

Марио Атанасовски со три гола беше најдобар играч на натпреварот, а по еден гол постигнаа Тихи Василевски, Антонио Стојчов и Слаѓан Митевски, а за гостинскиот тим единствен стрелец беше Горјан Андроников.

Следниот викенд се играат натпреварите кои ќе решат натпреварот шампионот во Трета лига – Исток. Малеш ќе игра против Слога Виница, Карбинци против Вардарски, Тиверија против Ударник, а Дојранско Езеро е слободен, односно сезоната ја заврши минатото коло.

Александар Ванев, М-Нет