Најдобрата фудбалерка во историјата нема повеќе да игра за Бразил

Марта, најдобрата бразилска фудбалерка на сите времиња, соопшти дека ќе ја заврши кариерата во репрезентацијата после 22 години.

38-годишната фудбалерка досега има 175 настапи за Бразил, и има постигнато 116 голови, бројки кој никој нема да ги достигне во скоро време. Во моментов таа е дел од Орландо Прајд во САД.

„Ако одам на Олимписките игри, ќе уживам во секој момент. Било да играм во Париз или не, ова ќе биде моја последна година во репрезентацијата“, рече Марта.

За Бразил дебитираше во далечната 2002 година. Таа е запишана во историјата како најдобар стрелец на Мундијалите во женска конкуренција со 17 голови на 23 меча, но нема ниту еден трофеј од светскиот собир. Беше светски вицепрвак во 2007 година. Во 2004 и во 2008 година освојуваше сребра на ОИ.

Се вчитува...