Таеквондо клубот „Бутел“ освои 33 медали на турнирот „Охрид Опен 2023“

фото: Taekwondo Klub Butel

Второто издание „Охрид Опен 2023“ во олимписко таеквондо се одржа на 25 март во СРЦ „Билјанини Извори“.

Турнирот беше организиран од Таеквондо клубот „Хваранг ФИСТ“ и Македонската Таеквондо Федерација.

На натпреварот како што најавија од федерацијата, присутни беа олимпискиот медалист Дејан Георгиевски, како и Филип Додевски, Мила Релиќ и Анамарија Георгиевска кои се потенцијални кандидати за следните Олимписки игри во Париз.

На овој турнир првото место во севкупен клупски план го освои Таеквондо клубот „Бутел“ со 33 медали од кои 13 златни, осум сребрени и 12 бронзени. Најдобар јуниор на турнирот е членот на ТК „Бутел“, Филип Блажевски.

Свое учество имаше и ТКД „Гоце Делчев – ГОДЕЛ“ кој освои седум медали (три златни, по два сребрени и бронзени).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот