Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ројс: Само една работа е важна, никој нема да праша…

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд дојде до првиот билет за финалето на Лигата на шампионите и тоа откако во полуфиналната рунда беше подобра од Пари Сен Жермен со вкупни 2-0.

Бундеслигашот ги доби двете средби со идентични 1-0 со тоа што вечерашниот триумф е неверојатен со оглед на тоталната доминација на „светците“ пред се во второто полувреме кога дури четири пати се тресеше рамкато од голот на Кобел.

Меѓутоа сето ова утре ќе се заборави и тоа многу добро го знае ветеранот Марко Ројс кој ќе има шанса на идеален начин да се збогува со титула од Дортмунд, онаа која му избега во сезоната 2012/2023.

-Неописливо. По повеќе од 10 години повторно сум во финалето со Борусија. Усман [Дембеле] и Ашраф [Хакими] донесоа неверојатно темпо и ние многу страдавме. Како го добивме натпреварот, никој утре нема да праша. Ударите во стативата нема да бидат важни утре. Она што е важно е дека Борусија Дортмунд повторно е во финалето. Никој не го очекуваше ова. Ова е едноставно неверојатно.

-Мора да успееме, ова е наш момент, -порача ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни