Струга ТЛ објави кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Актуелниот шампион на Македонија денеска се раздели со тренерот Шпетим Дуро по лошиот финиш на сезоната и трите порази во последните пет меча со кои ја загрозија одбраната на титулата.

Откако утрово спогодбено се раскина договорот со Дуро, од таборот на стружани објавуваат дека тимот во последните три кола ќе го води Меритон Геге.

Се работи за стратег кој е дел од тимот и работеше како помошник на Дуро во досегашниот дел од сезоната.

Се вчитува...