Вест Хем потврди: Дејвид Мојес заминува на крајот на сезоната

Лошите резултати на Вест Хем Јунајтед оваа сезона во која тимот од Лондон го заврши европското натпреварување во четвртфиналето од Лига Европа, а и нема да избори европска есен за престојната сезона преку Премиерлигата го примора раководството на промена на тренерското место.

Од истото официјално на крајот на сезоната заминува Дејвид Мојес чиј договор нема да биде продолжен, соопшти Вест Хем Јунајтед преку социјалните мрежи. Очекувањата се дека него ќе го наследи Џулен Лопетеги кој веќе има усмен договор со клубот и се очекува наскоро и официјално да биде промовиран како прв тренер.

Мојес во вториот мандар на клупата на Вест Хем Јунајтед го донесе и најголемиот успех на клубот освојувајќи ја Конференциската лига што е прв трофеј по речиси 60 години.

Се вчитува...