Фенербахче во трилер-меч по продолженија до „брејк“ против Монако

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во Евролигата откако вечерва во првиот натпревар направија брејк на гостувањето кај Монако откако по продолженија славеа со 91-95.

Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 26-15. Како одминуваше натпреварот Турците заиграа се подобро, па некако успеаја да го одведат мечот во продолженија откако по регуларните 40 минути резултатот беше 81-81.

Избраниците на Шарунас Јасикевичиус одиграа одлично во продолженија и на крајот стигнаа до заслужен триумф од 91-95. Најџел Хејс со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Ели Окобо.

Се вчитува...