Search

Грција на чело на мисијата на ЕУ против Хутите во Црвеното Море

Денес, Грција официјално се согласи да учествува и да ја води поморската безбедносна операција на ЕУ во Црвеното Море, чија цел е заштита на трговските бродови од напади на јеменските бунтовници Хути.

Комитетот за безбедност, предводен од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, нареди учество на грчка фрегата во операцијата што беше лансирана минатата недела.

Мисијата ќе се спроведува од воената база во Лариса во централна Грција под команда на грчката морнарица.

Грција е погодена од нападите на Хутите во Црвеното Море, бидејќи сообраќајот на трговските бродови во пристаништето Пиреја, во близина на Атина, падна за 12,7 отсто во јануари на годишно ниво.

„Одржувањето отворени поморски трговски линии е во апсолутен интерес на ЕУ и е егзистенцијална потреба за Грција“, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас на парламентарната комисија минатата недела.

Дендиас ја опиша мисијата на ЕУ во Црвеното Море како одбранбена, наведувајќи дека Грција нема да учествува во нападите предводени од САД врз воените цели на Хутите во Јемен.

Хутите од ноември напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море како, како што велат, одмазда за израелскиот напад врз Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави