Животот го загубија две лица во тешката сообраќајна несреќа на експесниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата, која се случила околу 14 часот и 25 минути животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата. Несреќата се случила помеѓу две патнични возила.

Анѓела Ѓуркова М Нет