Италија без најдобриот кошаркар во квалификациите за Олимписките игри?

Еден од најдобрите италијански кошаркари, Симоне Фонтекио би можел да ги пропушти престојните квалификации за пласман на Олимписките игри поради повреда.

Фонтекио е надвор од терените од 18. март кога го повреди левото стапало, а и покрај тоа што се чинеше дека повредата на кошаркарот на Детроит Пистонс не е сериозна, не е таков случајот.

„Прво мислевме дека е само обичен удар, модрица и оток, но повредата на стапалото е далеку покомплексна отколку што се чинеше. Се уште се борам со тоа. Се обидувам да ги решам проблемите што е можно поскоро. Ќе се вратам во Италија каде ќе продолжам со рехабилитацијата, а откако ќе ја надминам повредата ќе размислувам за репрезентацијата“, изјави Фонтекио.

Италија во првите квалификации силите ќе си ги одмери со Порторико и Бахраин од 2. до 7. јули во Порторико.

Се вчитува...