Вести Избори 2024 Македонија

За изборите има пријавени 6 кандидати со само 18 години, тројца 90-годишници се борат за пратеничко место во третата изборна единица

На листите за парламентарните избори на кои има вкупно 1820 кандидати од 17 партии и коалиции, најмладиот кандидат за нов пратеник има 18 години, додека најстариот има 90 години и е роден во 1934-тата година односно во време кога Македонија била дел од Кралството Југославија.

На кандидатските листи има вкупно 6 кои се на возраст меѓу 18 и 19 години. Половина од нив, три се дел од листата на Аваја во 6-тата тетовска изборна единица. Две се девојки, едно е момче, а највисоко котира кандидатката Ајлин Саити која е трета на листата на партијата Аваја.

Демократите имаат двајца кандидати кои пред изборите станале полнолетни и го исполниле условот и да гласаат и да бидат гласани. Една кандидатка ќе се бори во 6-тата изборна единица, а 18-годишниот кандидат на Демократи ќе се бори во првата изборна единица.

И коалицијата на ДУИ, Европкси фронт, има 18-годишна кандидатка за пратеник во третата изборна единица.

На другата скала на возраста, меѓу кандидатите има тројца кои веќе наполниле 90 години и се борат во третата изборна единица. Љубица Олумчева е родена во Богданци пред втората светска војна, сега живее во скопски Аеродром, а е кандидатка на Твоја партија во третата Штипско-велешка изборна единица.

Уште еден жител од Аеродром кој има 90 години е кандидат во изборната единица 3 на листата на Македонска ера Трета/Македонски независни листи. Скопјанка од Кисела Вода е третата 90-годишна кандидатка на изборите и ќе се бори за пратеничко место преку листата на Единствена Македонија.

За разлика од најмладите, кандидатите тинејџери- тројцата највозрасни се на листите под десетото место,

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 28.04.2024

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе