Вести Македонија Топ вести

(Видео) Ја држев половина час за уши, Господ ми даде сила и со нога ја удрив по муцката – жител на с. Дреновци се спасил од прегратка на мечка

Цане Србиновски (61) од село Дреновци, Општина Долнени, пред четири дена доживеа и преживеа напад од мечка од која, како што вели во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојачне Ангелов, успеал да се одбрани. Средбата со крволочното животно била во недела, а Србиновски бил пронајден од семејството дури наредниот ден.

„Едно време сакаше да ме фати за стомак. Господ ми даде сила. Не знам како, ја грабнав за уши. Ја држев така, не знам колку време, може половина саат да беше. Не знам точно. Се уплашив и така ја држам, ја држам и Господ ми даде некоја сила, не знам како и ја турнав со рацете. Кога ја турнав така, одма станав и заминав до колибата и тогаш нозете ми се здрвија. На сам ден Благовец, вечерта ги терав говедата кон трлото и кога тие одминаа јас со малите телиња одев позади и подвикнував по нив. Потоа одеднаш излезе пред мене мечката и ме фати за левата нога и јас паднав на грб. Преку чизмите што ги носев ме фати за ногата“, раскажува Србиновски.

Во еден момент, Србиновски, како што објаснува, се нашол под неа, но не може да си објасни како успеал да се оттргне од мечката.

„Со десната нога ја удрив по муцката и ми ја пушти ногата. Но, веднаш ме фати пак за левата нога, а со шепата ме фати за десната нога и имам мала рана“, рече Србиновски кој ќе мора да се подложи на хируршка интервенција.  

Запрашан дали мечката била голема, тој рече дека не може со сигурност да каже колкава била оти не ја видел убаво.

По разговорот со Србиновски, директорот на ЦУК, Ангелов, рече дека работат на решавање на проблемот со мечките, за кои тој вели дека во последните години ги има сè повеќе.

„Работиме на решавање на проблемот со мечките. Во последните години нивниот број е зголемен. Мечка што нападнала човек треба да се отстрани бидејќи може повторно да нападне. Ние ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето“,

Присуството на мечки во непосредна близина на населени места беше честа појава во 2023 година. Тоа беше причина за Општина Маврово/Ростуше да се обрати до владата со барање за прогласување на вонредна состојба на целата територија на локалната самопуправа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе