Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Хрватска

65

Тлото се затресе во Босна и Херцеговина на 30 километри североисточно од Бања Лука.

Денеска во 16:47 часот Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) регистрираше земјотрес што се случи во Босна и Херцеговина, на 30 километри од Бања Лука.

Земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од 5 километри под површината.

Според ЕМСЦ, тоа можело да се почувствува и во Хрватска, особено во околината на Славонски Брод, пренесува Дневник.хр.

Пријавија и жители кои го почувствувале тресењето. „Беше кратко, но интензивно“, „Благо тресење и татнеж“, „Беше кратко и бучно“ се само дел од коментарите што ги оставија луѓето кои го почувствувале земјотресот.