ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 59 пратеници, СДСМ 19, ДУИ 18

од Nikola Popovski

Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на последната прес-конференција изјави дека во моментов се обработени 93,53% од вкупниот број на гласови, според кои се познати мандатите кои ќе им прупаднат на партиите во новиот парламентарен состав.

Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 59 мандати, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ – 19 мандати, коалиција Европски фронт – 18 мандати, коалиција ВЛЕН – 13 мандати, Левица шест мандати и ЗНАМ пет мандати.

Од ДИК додаваат дека конечниот број на гласови и пратенички мандати ќе се знае за време на утрешниот ден.

-Можни се многу мали промени. Голем процент на гласови се обработени и не очекуваме големи промени, додаде Даштевски.

Слични содржини