Де Брујне: Белгија светски шампион? Нема шанси, премногу сме стари

Кевин де Брујне, репрезентативецот на Белгија/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Кевин Де Брујнe, репрезентативецот на Белгија, смета дека неговата селекција нема шанси да го освои Светското првенство во Катар.

На последниот Мундијал Белгијците беа трета и според многумина ова е последна шанса за големата генерација да стигне до тронот.

Белгијците на стартот ја совладаа Канада со 1:0, но во текот на целиот меч беа инфериорен ривал и практично победија со еден вистински шут.

– Нема шанси да бидеме светски шампиони. Премногу сме стари – одговори Де Брујне на прашањето дали Белгија може да оди до крај.

Оваа изјава беше дадена пред натпреварот со Мароко кој го загубија со 2:0 и направија чекор назад во борбата за една од првите две позиции кои водат во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот