Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Не сакам тим со само еден идентитет

Објавено

на

Фото:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид утре ќе се обиде да дојде до уште едно финале во Лигата на шампионите, пат на кој ќе мора да се справи со Баерн Минхен.

„Кралевите“ успеаа да останат непоразени во Минхен (2-2), па тоа воедно значи дека секоја победа на „Сантијаго Бернабеу“ ги води на „Вембли“.

-За нас е подобар меч со интензитет, со ритам… Оценувајќи го првиот натпревар, на ниво на одбрана можевме да направиме многу повеќе. Сакаме интензивен натпревар.

-Овие два тима одлично се снаоѓаат во транзиција. Тие се двете најопасни екипи во Европа во тој аспект. Можете да избегнете транзиции со добра рамнотежа. Ризикот може да се управува, -порача Анчелоти кој запрашан за неговите тимови и дали има одредена филозофија тој порача:

-Мислам дека филозофијата е дека вашата идеја треба да се прилагоди на играчите. Не сакам тим со само еден идентитет, -порача Дон Карло.

Средбата е закажан за утре од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни