Луис Енрике добива нов договор од ПСЖ

Челниците на ПСЖ се импресионирани од Луис Енрике и веќе му понудија нов договор на овој врвен стратег, кој одговори на серијата предизвици со кои францускиот првак се соочи сезонава.

„Светците“ имаа сериозен ремонт минатото лето со заминувањата на Лео Меси и Нејмар, згора на тоа цела сезона тимот се соочуваше со дополнителен притисок поради „случајот Мбапе“. Храброста на Енрике дел од натпреварите да ги почнува без својот најдобар фудбалер наиде на одобрување кај раководството, особено на Ал Келаифи кој верува дека тренер со таков карактер мора да го води ПСЖ и во иднина.

Актуелниот договор на Шпанецот истекува на крајот на следната сезона (јуни 2025), но „светците“ веќе му понудиле на Енрике продолжување на соработката со 2028 година, со значително зголемување на платата што ја зема во моментов. Енрике би добил и значителен буџет за засилувања летово, пред се за нов голгетер кој би го наследил Мбапе, па Шпанецот е подготвен да ги прифати понудените услови и да го продолжи својот престој на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...