Поврзете се со нас

АТП

Надал му одговори на Алкарас: Нема потреба да ме прашува такво нешто

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал денеска ќе го има вториот предизвик во Мадрид и во период од една седмица вторпат ќе ги одмери силите со Алекс Де Минор, откако минатата недела загуби од Австралиецот на турниот во Барселона.

Шпанецот не се чувствуваше доволно физички моќно за да се носи со упорниот Де Минор, а новата пресметка со истиот ривал добра шанса да види дали забележал мал напредок на кондиционен план во краток временски интервал.

Пред да излезе на теренот, Рафа ја искористи блискоста со шпанските медиуми за да му одговори и на својот далеку помлад колега, кој пред два дена во интервју за „Марка“ откри дека се срами да му постави едно прашање на Надал.

Карлос Алкарас откри дека се уште не се осмелил да му го постави на Рафа прашањето за кое одговор чека цела Шпанија, односно дали ќе прифати двајцата да играат заедно во двојки на Олимписките игри во Париз.

– Карлос нема потреба да ме прашува такво нешто, ако не се случи ништо чудно, ќе играме заедно во Париз. Тоа е голема желба од моја страна, а ако не грешам, истото го кажа и тој, – гласи одговорот на Рафа, по кој најзадоволни се шпанските тениски фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни