Поврзете се со нас

АТП

Циципас стави крај на полуфиналната „клетва“ и се избори за прво финале во Мелбурн

Објавено

на

Стефанос Циципас стави крај на полуфиналната „клетва“ на Аустралијан Опен, бидејќи после четири порази во оваа рунда во минатите изданија, сега конечно успеа да направи чекор повеќе.

Гркот е првиот финалист на овогодинешното издание на тенискиот грен слем во Австралија, откако денеска беше далеку подобар ривал од Карен Хачанов во првиот полуфинален дуел.

Циципас можеше да ја заврши работата и во три сета и да биде помирен, но сепак му дозволи на Карен да го освои третиот сет, а потоа ја комплетираше својата мисија во четвртиот.

Стефанос ги доби првите два сета со 7:6 и 6:4, во третиот пропушти предност од 5:3 и загуби во тајбрејкот, но во четвртиот рано направи брејк и го заврши мечот со 6:3.

За Циципас ова ќе биде прво финале на Аустралијан Опен, а вкупно второ на грен слем турнирите во неговата кариера. Првиот пат загуби од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, а Србинот денес подоцна ќе се бори за нов финален дуел против Гркот во двобојот со Томи Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни