Баерн ќе ѝ плати отштета на Австрија за Рангник

Баерн Минхен е се поблиску до договор со Ралф Рангник. Германецот ќе го презеде гигантот од Минхен по завршувањето на ЕВРО 2024 година.

Рангник ќе добие договор до 2026 или 2027 година. Сите детали ќе бидат познати на последниот состанок помеѓу тренерот и раководството на Баерн Минхен. Пред неколку дена Рангник изјави дека нема намера да седне на клупата на „Баварците“ и дека му е убаво во Австрија.

„Баварците“ не очекуваат да наидат на проблеми во преговорите со федерацијата на Австрија, затоа што селекторот има договор до 2026 година. Клубот ќе треба да плати отштета од 2-3 милиони евра.

Се вчитува...