EPA-EFE/LUKAS COCH

Рафаел Надал доминантно го започна мастерсот во Мадрид откако славеше во првото коло, над американскиот тенисер Дарвин Бланч со 6:1, 6:0. Инаку, она што е интересно за овој дуел е тоа што Американецот е 21 година помлад од Шпанецот. Тоа значи дека Надал освојувал трофеи во тоа време.

  • Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч што направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит, играчот, кого го чека убава иднина, направи грешки и натпреварот траеше еден час.

Американскиот тинејџер (16) успеа да освои само еден гем против најдобриот играч на земјена подлога досега.

Дуелот меѓу Шпанецот и Американецот ќе остане запаметен по тоа што разликата во годините меѓу нив е најголема на турнирите од АТП серијата 1000. Надал е 21 година и 117 дена постар од Бланко. Ова беше само втор АТП-турнир за американскиот играч. Тој беше толку нервозен што направи дури 27 неизнудени грешки и никогаш не се закани на сервисот на Надал и не дојде ни до брејк-топка.

Рафа ја освои првата грен-слем титула во 2005 година, на Ролан Гарос, втората во 2006 година, третата во 2007 година, а потоа, во септември 2007 година, се роди противникот на Надал.

Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, од кого претрпи елиминација минатата недела, на турнирот во Барселона.

  • Тоа не е нешто што многу ме загрижува. Единственото нешто што е важно е што сè уште играм во Мадрид. Да загубам или да победам, не ми значи многу. Има многу поважни работи за мене. Победа или пораз нема да ја промени мојата кариера. Во Барселона играв еден сет, друг не беше можен. Де Минор е ривал што не ти дава многу, ми ги отежнува работите, а во ситуацијата во која сум, ми создава дополнителни проблеми. Тоа е игра што бара време и физички напор во поголемиот број поени. Ќе видиме што можам да направам. Првпат играм две недели по ред по година и пол, навистина не сум 100 отсто подготвен. Не исклучувам ништо, но тоа е меч на кој не сум фаворит – додаде Шпанецот.