Нико Вилијамс ги поздрави расистите од Мадрид (видео)

Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао вечерва на „Ванда Метрополитано“ изобилува со возбудувања и убави фудбалски потези, но за жал ќе остане запаметен по расисистички навреди на домашните навивачи кон младиот Нико Вилијамс.

Суперталентираниот офанзивец веднаш се пожали кон судијата, по што следеше и официјална опомена од делегатот до навивачите согласно протоколот за вакви случаи во шпанската Ла Лига.

„Правдата беше задоволена“ неколку минути подоцна, кога Нико Вилијамс блесна во противничкиот шеснаесетник и со мајсторски погодок го израмни резултатот на 1-1. Не заборавајќи што му се случи, тој го прослави голот покажувајќи на бојата на својата кожа, испраќајќи јасна порака до расистите…

Погодокот на Нико Вилијамс и прославата пред навивачите на Атлетико Мадрид можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...