EPA PHOTO DPA MATTHIAS SCHRADER

Љубителите на скијачките скокови од овие простори добро го паметат името Примож Петерка, еден од најуспешните словенечки претставници во овој спорт. Петерка, кој денес има 45 години, се натпреваруваше од 1996 до 2011 година и е еден од најуспешните и најсакани словенечки спортисти, бидејќи забележа неверојатни резултати. Го освои Светскиот куп во 1997 и 1998 година, има и титула од турнејата четири скокалници (1997), како и бронзен медал од Олимписките игри во Солт Лејк Сити во 2002 година со репрезентацијата.

Сепак, од крајот на професионалната кариера, сè во неговиот живот оди надолу. Тој се обиде како селектор во полската репрезентација и доби отказ поради алкохолизам, што беше и причина за разводот. Петерка беше во брак со Рената Бохинц, поранешна манекенка и мис на Словенија во 1996 година, имаа три деца, но потоа сè се „скрши“ поради неговата љубов кон алкохолот.

Двојката беше во брак од 2003 до 2020 година, а неговата сопруга Рената беше покрај него и во најтешките денови, кога во 2012 година дури и заврши на психијатриско лекување во Бегуње поради проблеми со алкохолот. Но, после сè, не можеше да остане со него, бидејќи никогаш не се ослободи од овој порок, па врската заврши по 23 години и денес Рената е во врска со музичар од Словенија, додека со него е во добри односи.

  • Официјално се разведовме пред шест месеци, а сега помина една година откако живеам сама со децата. Знаете, кога сте со некого толку долго и завршува, дел од вас умира. Навистина верував дека љубовта ќе биде доволна, но пристигнаа проблеми со кои не знаев како да се справам, изјави Рената во едно интервју.

Примож Петерка е првиот Словенец што прескокна преку 200 метри на Планица (поточно 212 метри), додека во кариерата оствари 15 индивидуални победи.