ФОТО| Златна Бубамара на Популарноста, вечерва на ТВ Канал 5

Подгответе се за вистинско уживање пред ТВ екраните. Вечерва Радио Буба мара ни го преставува најголемиот и најзначаен културен настан оваа година. По спектакуларното издание во живо, вечерва од 20 часот традиционално како и секоја година се собираме пред ТВ екраните да гледаме на Канал 5, а во исто време ќе може да слушаме и на Радио Бубамара, соопштија од организаторите.
Нашите иселеници во странство ќе може да го гледаат преку youtube каналот на Радио Бубамара, а линкот ќе биде објавен на фејсбук страната на златна бубамара на популарноста
По седумдневната аудио и видео монтажа од Радио Бубамара ни гарантираат вистинско уживање и незаборавни емоции.

фото: Вангел Тануровски