Во Хрватска уапсен, па пуштен на слобода бегалецот Горан Грујевски

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој беше обвинет во судскиот процес за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, а по кого македонските власти имаат распишано меѓународна потерница, вчера бил уапсен, па ослободен во Хрватска, објави телевизијата Клан.

Според информациите на телевизијата, тој бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција

Според ТВ Клан, Грујевски е во Загреб во посета на неговиот син кој студира во Хрватска.

Инаку, Горан Грујевски беше началник на Петтата управа во МВР. Заедно со Бошковски се главните обвинети во судскиот процес „Таргет-Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Горан Грујевски е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома. Тој заедно со Никола Бошковски од УБК избегаа во Грција и им се судеше во отсуство.

 

Back to top button
Close