Избор Избори 2024 Македонија ТОП ВЕСТИ

Народен правобранител: Бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Скопје, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните во текот на утрешниот, изборен ден, од 07:00 до 19:00 часот ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, отворена во канцеларијата на Народниот правобранител.

Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (наспроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Инаку бесплатната телефонска линија беше отворена на 4-ти април, на стартот на кампањата за претседателските избори, а неправилности ќе може да се пријавуваат сѐ до 8-ми мај, денот кога ќе се одржат парламентарните избори.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука