Познати учесниците на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот

НБА лигата денеска го потврди составот на кошаркари кои ќе учествуваат во натпреварот во забивање на 73. Ол-стар викенд во Индијанаполис, од 16 до 18 февруари.

На натпреварот ќе учествуваат Џејлен Браун (Бостон), Мек Мекланг (Г-лига), Џејкоб Топин (Њујорк) и Хаиме Џакез (Мајами).

Минатата година победи Мекланг кој натапува во развојната лига. Натпреварот во забивање ќе се одржи за време на НБА Ол-стар викендо,т во сабота на 17 февруари.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО