20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција со нови мерки против инфлацијата од 70 отсто

Турција со нови мерки против инфлацијата од 70 отсто

Турските власти треба да објават уште во понеделник (14-ти мај) серија фискални мерки за намалување на јавната потрошувачка во обид да помогнат во борбата против тврдоглавата инфлација. Ова го откриваат извори цитирани од „Bloomberg“.

„Владата ќе воведе нови фискални мерки и ќе ги забрза структурните реформи во својата економска програма“, рече министерот за финансии Мехмет Шимшек за време на приватната средба со инвеститорите во четвртокот во Истанбул.

Од ресорното министерство засега одбиваат да ги коментираат информациите што се појавија.

Мерките за кои се дискутираше ја покажуваат загриженоста и потребата од итна акција од страна на централните банкари кои се обидуваат што побрзо да ја запрат инфлацијата. Економистите очекуваат годишната инфлација многу брзо да достигне максимум од околу 75%, а денеска централната банка на земјата изјави дека, според неа, инфлацијата ќе ја заврши годината на ниво од 38%.

Владините мерки за штедење ќе вклучуваат преглед на трошоците, забавување на некои јавни трошоци и намалување на инвестициите во некои сектори. Стабилноста на цените, зајакнувањето на фискалната позиција, намалувањето на дефицитот и структурните реформи беа истакнати како приоритети на земјата во претставувањето пред инвеститорите.

Шимшек иницираше пресврт во политиката на централната банка, според кој основната каматна стапка се зголеми за повеќе од 40 процентни поени на 50%. Како дел од промените, централните банкари, исто така, се обидуваат да го намалат надуениот буџетски дефицит што беше оштетен од изборните трошења и трошењето по минатогодишниот земјотрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП