Кремљ: Американската воена помош нема ништо да промени на фронтот

од Nikola Popovski

Воената помош за Украина, која веќе неколку месеци е блокирана во американскиот Конгрес и чија забрана ќе биде изгласана в сабота, „не би можела ништо да промени“ на фронтот, соопшти денеска Кремљ.

„Тоа не може никако да влијае на развојот на ситуацијата на фронтот (…) Не би можело ништо да промени“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Руската армија веќе неколку месеци е во офанзива на различни точки од линијата на фронтот, која се протега на околу 1.000 километри на истокот и југот на Украина.

Кон средината на март, украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека брзата одлука на американскиот Конгрес за помош на Украина е од клучно значење.

Претставничкиот дом на САД во сабота треба да гласа за планираниот пакет помош од 95 милијарди долари за американските сојузници Украина, Израел и Тајван. Помошта беше одобрена пред неколку месеци во Горниот дом на Конгресот, Сенатот.

Слични содржини