Се преиспитуваат плановите за погреб на кралот Чарлс: НЕ Е ДОБРО!

171
EPA-EFE/NEIL HALL

Здравјето на кралот Чарлс ги загрижува пријателите и палатата додека тој продолжува да се бори со неоткриена форма на рак.

– Разговарајќи со пријателите на кралот во последните недели за неговото здравје, најчестиот одговор е… „Не е добро“ – објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист.

Пријател на монархот рече дека Чарлс „е решен да ја победи болеста и сите се трудат да биде така. Сите се оптимисти, но нему му е навистина многу лошо. Повеќе отколку што сакаат да се знае“.

И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба.

Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите.

Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“.

Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс.

Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива.

– Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.