Остин најави нов пакет америакнска воена помош за Украина од 6 милијарди долари

Соединетите држави обезбедуваат нова воена помош од шест милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави во петокот министерот за одбрана Лојд Остин.

Најновата испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана „Pаtriot“ од американско производствот, рече Остин по онлајн состанокот со Одбранбената контакт група за Украина предводена од Вашингтон.

Најавата доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечна блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет вреден милијарда долари. Станува збор пред се за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.