• четврток, 16 мај 2024

Де Лихт: За Баерн императив е пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Де Лихт: За Баерн императив е пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Минхен, 5 март 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс Де Лихт го сподели своето мислење пред реваншот со Лацио во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Поминуваме низ тежок период, со оглед на заостанувањето од 10 бода во првенството во однос на Баер Леверкузен. Затоа, ова е многу важен натпревар за нас. Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот. Овде пласманот во четвртфиналето е речиси задолжително. Повторувам, ова е многу важен натпревар. Ќе имаме енергија да победиме, изјави Де Лихт.

Натпреварот Баерн - Лацио ќе се одигра вечер од 21 часот во Минхен.

Во вториот вечерашен дуел во елитното фудбалско натпреварување се среќаваат Реал Сосиедад и ПСЖ. Парижаните го добија првиот натпревар со 2:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан