ВООРУЖЕН НАПАД НА АМБАСАДАТА НА АЗЕРБЕЈЏАН ВО ИРАН! Вооружен со „калашников“ се пробил до обезбедувањето, едно лице убиено

од Radmila Tasevska

Вооружен напад е извршен врз амбасадата на Азербејџан во Иран, при што во инцидентот загинал еден член на обезбедувањето, а двајца се ранети, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Според информациите, напаѓачот вооружен со „калашников“ се упатил кон обезбедувањето почнал да пука и го убил шефот на обезбедувањето, а ранил уште двајца, но нивните животи не биле во опасност. Нападот се случил утрово во 8:30 часот по локално време, а засега нема информации дали напаѓачот е уапсен.

Во оваа прилика портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захрова, изјави дека е шокирана од овој инцидент и им изрази поддршка на азербејџанските дипломати.

Слични содржини