Home МАКЕДОНИЈА Почина Звонко Шаврески, борецот за правата на хендикепираните

Почина Звонко Шаврески, борецот за правата на хендикепираните

0
321

Почина Звонко Шаврески, член на Управниот одбор на „Полио плус – движење против хендикеп“. Македонија загуби еден од водечките сили на движењето за независно живеење за лицата со хендикеп, во Македонија, но и на регионално и меѓународно ниво, потенцираат од здружението.

Денеска се простивме од нашиот лидер и борец за човековите права. Денеска, движењето за независно живеење загуби еден од своите пионери, Звонко Шаврески. Македонија загуби еден од водечките сили на движењето за независно живеење за лицата со хендикеп, во Македонија и на регионално и меѓународно ниво. Инспиратор кој со својата иновативност го започна движењето за независен живот за лицата со попреченост. Непоколеблив активист кој со својот шарм беше гласноговорник за промените кои треба да се направат во Македонија и во светот за заедницата со хендикеп да може да ги ужива своите права на еднаква основа со другите“, информираат од „Полио Плус – движење против хендикеп“.

Посочуваат дека Шаврески преку својата музикалност и поетичност, борбеност и посветоност повикуваше на промени. Од Здружението потенцираат дека неговата активност и заложба за владение на правото ја врамија нашата земја и на меѓународна сцена како креатори и придонесувачи кон креирањето на меѓународните документи, особено во создавањето на ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.