Клоп со „црвено светло“ за најавите со синиот картон во фудбалот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не се согласува со новиот концепт на фудбалски правила околу синиот картон во фудбалот.

Тврди дека тоа воопшто не би била добра идеја, затоа што може драстично да им ги отежне работите на судиите, наместо да им го олесни во некои ситуации.

– Вистинската ситуација треба да биде поедноставна, а не уште потешка за судиите, мислам дека со евентуално воведување на некој си нов картон, само ќе даде поголема причина за неуспех на арбитрирањето, затоа што дискусијата ќе биде, дали тоа беше син или жолт картон. Како и да е, мислам дека не би било во ред да се воведува нова боја на картон, порача Јирген Клоп.

За усвојување на новите правила, потребно е одобрување од ФИФА, која веќе нагласи меѓу редови дека е тешко изводлива оваа идеја за нов, син картон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО