Гвардиола: Ако не победиме на сите мечеви до крајот, нема да бидеме шампиони

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не сака да се опушта премногу кога се работи за трката за титулата во Премиер лигата. Граѓаните имаат 79 бода и моментално се на второто место на табелата со еден бод помалку од лидерот Арсенал.

Сепак, Сити сам си решава затоа што има еден меч помалку, што значи дека ако тимот на Гвардиола победи на сите четири дуели до крајот, ќе биде првак, без разлика на резултатите на Арсенал.

„Титулата уште е далеку. Пред нас се уште четири меча, што значи дека имаме уште долг пат. Сѐ е во наши раце, но ако одиграме само едно реми, нема да ја освоиме титулата. Арсенал игра одлично и мислам дека тие до крајот нема да загубат ниту еден бод“, вели Гвардиола.

До крајот на првенството, Сити игра со Вулверхемптон и Вест хем дома и против Фулам и Тотенхем на гости. Арсенал до крајот ќе игра против Борнмут и Евертон дома и против Манчестер јунајтед на гости.

- Оглас -

Најнови вести