Николо Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија „А“

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела се договорил со клубот да го обнови договорот до 2029 година, пренесува „Газета дело спорт“.

Според новите услови на договорот со „нероазурите“, Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија „А“. Играчот од средниот ред ќе добива нето 6,5 милиони евра годишно плус различни бонуси, кои лесно ќе ја надминат сумата од 7 милиони.

Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец е до 2026 година. Тој моментално заработува 5 милиони евра по сезона, а новиот договор ќе трае до јуни 2029 година.

Николо Барела ќе заработува највисока плата меѓу Италијанците во Серија „А“, бидејќи неговиот соиграч во Интер, Алесандро Бастони добива 5,5 милиони евра годишно, а Федерико Киеза од Јувентус добива по 5 милиони евра.

Во наредните денови се очекува и тренерот Симоне Инзаги да потпише нов договор со Интер.

Слични содржини