Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина

by Fokus

Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина.

– Канада ќе и испорача четири главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за одбрана на слободата и суверенитетот на својата нација. На украинските вооружени сили итно им е потребна опрема, нагласи Ананд.

Таа додаде дека тенковите ќе им овозможат на украинските војници тактичка предност и ќе и овозможат на Украина да ослободи уште повеќе од својата територија.

Ананд посочи и дека во обуката на украинските војници ќе учествуваат одреден број припадници на канадските вооружени сили.

Поврзани новости