Словенците со радикално барање за првпат во историјата поради нашинците од запад

од Симе Стоиков

Во петокот, на 26 април, Словенечкото државно претпријатие за управување со автопатишта (ДАРС) упати необична јавна апел до словенечкото Министерство за јавна администрација, барајќи вработените во јавната администрација да работат што повеќе од дома во текот на мај.

Причина? Тврдат дека на тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж на обиколницата на Љубљана.

Словенечките медиуми тврдат дека ова е прв пат во својата историја ДАРС да испрати ваквoв апел до некое министерство.

Од ДАРС тврдат дека во мај, веднаш по Денот на трудот, ќе има голем сообраќаен метеж на Љубљанската обиколница поради верски празници, слободни денови и одмори во Австрија, Германија, Швајцарија, Белгија, Холандија и Хрватска.

Поради оваа причина, очекуваме зголемен сообраќај од странство, кој ќе се спои со локалниот сообраќај на обиколницата Љубљана, а патувањето до работа и дома ќе трае многу подолго“, тврдат од ДАРС.

Во превод, во ДАРС веруваат дека следниот месец голем број туристи и луѓе од Западна Европа ќе патуваат до и преку Хрватска, а со тоа и до Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и другите држави поради што бараат вакво радикално решение и тоа – за прв пат како никогаш порано.

Слични содржини