Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд му испрати порака на Роналдо од англискиот камп во Катар

Објавено

на

Кристијано Роналдо е веќе минато во Манчестер Јунајтед и Светското првенство и официјално го игра како слободен агент, по кое ќе може да направи трансфер во било кој клуб без никаква отштета.

Ова беше епилогот од неговот бурно интервју кое го направи пред извесно време, а во кое брутално ги нападна сите поважни структури во Манчестер Јунајтед, клуб кој на крајот реши да ја прекине соработката со португалската супер-ѕвезда.

Роналдо со својата постапка разочара огромен број фудбалски фанови на кои им служеше како пример, па после долго време, молкот го прекина Маркус Рашфорд од англискиот камп во Катар.

Репрезентативецот на Англија не го дели ставот со навивачите кои го напаѓаат Роналдо, бидејќи тој секогаш ќе биде благодарен за тоа што дочекал шанса да го има за свој соиграч.

– Јас можам да зборувам само за мене. Беше неверојатно искуство да се игра покрај него. Тој беше еден од моите идоли, човек во кој се угледував како мал. Играњето со него ќе го чувам во себе засекогаш. Му посакувам се најдобро во иднина и му се заблагодарувам за сите работи кои ги има направено за Манчестер Јунајтед, – изјави Рашфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни