Македонија

Полиција кај Боки 13 додека тој е на подкаст: Пријавен сум од Кичеец

Бојан Јовановски-Боки 13 во гостувањето кај „Лазаров“ кажа дека во домот во Тафралиџе го барала полиција додека тој е во живо на подкаст. Тој соопшти дека во два наврати бил баран од припадници на полицијата.

Како што соопшти Јовановски-Боки 13, пријавен бил од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста.

„Пријавен сум за загрозување на безбедност. А тој е човекот што сакаше да ме замочи. Тој тоа го пробува и преку полицијата тоа го направи. “, вели Боки 13.

Тој соопшти дека по подкастот ќе оди во полцииска станица.

„Тој е последниот човек кој било што треба да пријавува. Ќе се јавам на тој информативен разговор, соодветно“, додаде Боки 13.

Додаде и: „Цела Македонија знае дека сум овде на подкаст, може тогаш е пријавата, може тогаш полицијата морала да постапи“.

Став за ова, „Скопје1“ побара и од МВР. Оттаму очекуваме одоговр.

Ова доаѓа откако Милески беше обвинет од Боки 13 вчера објави дека Кичеец се обидува да го спречи неговото гостување во подкастот.

Боки 13: Заканите и уцените кулминираа, пред станот ме пречекаа да ми пренесат порака од Кичеец – ќе ме замолчите ако ме убиете

На почеток