Почна пописот на населението во Косово – казни за оние што ќе одбијат

by Fokus

Агенцијата за статистика на Косово (АСК) денеска го започнува процесот на евидентирање на населението во земјава, што ќе трае до 15 мај.
КАС објави дека информациите собрани за време на пописот ќе послужат како основа за донесување важни одлуки „кои влијаат на секој аспект од животот“, од здравствената заштита, образованието, развојот на инфраструктурата до распределбата на ресурсите и планирањето на политиките.

Во информациите изнесени во јавноста се вели дека пописот помага во разбирањето на демографските промени и планирањето на јавните услуги.

Ова се однесува на училиштата и болниците, обезбедувањето различни услуги по општини, транспортот, средствата од буџетот, распределбата и ограничувањата на државниот персонал на централно или локално ниво и за идно планирање.

„Пописот е неопходен за обликување на иднината на заедниците и нацијата. Точниот попис обезбедува правична застапеност и распределба на владините средства“, велат од АСК.

Пописот се организира со лично присуство на домаќинот на домаќинството, во станбена зграда или во близина на живеалиштето/куќата на испитаникот (граѓанин), јавува агенцијата Бета.

Во зависност од бројот на членовите на домаќинството, возраста и полот, се очекува интервјуто во домаќинство со четири члена да трае околу 30 минути.

Податоците кои се бараат во прашалникот за сите полиња се задолжителни.

Според Законот за регистрација на населението, податоците мора да бидат точни, бидејќи ќе бидат проверени од други извори и секое несовпаѓање може да биде дел од казната.

Давањето неточни податоци е казниво и казната е од 30 до 2.000 евра.

За прашања за етничката, верската и говорниот јазик, испитаникот не мора да одговара и нема казни.

За одбивање на пописот на населението, казната се движи од 30 до 2.000 евра.

Поврзани новости