Пентагон соопшти дека ќе ја „забрза“ испораката на ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ и артилериска муниција за Украина како дел од новиот пакет воена помош.
САД ќе искористат 6 милијарди долари за оваа намена, откри во петокот министерот за одбрана Лојд Остин.Сепак, системите за лансирање на ракети Патриот нема да бидат испратени, пишува Би-Би-Си, Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Патриотите“ се „итно“ потребни за справување со растечката руска воздушна закана и „може и треба да спасуваат животи сега“.
- Пожарникари извлекувале човек паднат во река, а ваделе и вода од поплавени просторииИзминатото деноноќие пожарникари биле ангажирани за извлекување на човек паднат во река, […]
- Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други државиАмериканската државна потсекретарка, Елизабет Ален, која престојува во Приштина, и косовската претседателка Вјоса Османи, […]
- Иранскиот потпретседател ја презема функцијата претседател, има 50 дена да организира избориКако што се очекуваше, иранскиот потпретседател Мохамад Мокбер привремено ќе ја преземе администрацијата на […]
- Шпанија го повлекува својот амбасадор во Аргентина по контроверзната изјава на претседателот МилеиВладата на Шпанија денеска соопшти дека го повлекува амбасадорот од Аргентина поради тоа што […]
- Изложба на 30 фотографии на планинарот Бобан КитановскиВо холот на Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”-Битола, e […]
Извор потврди за Би-Би-Си дека 6-те милијарди долари се дел од пакетот помош од 60 милијарди долари, потпишан во закон од американскиот претседател Џо Бајден во средата, кој исто така вклучува и една милијарда долари повеќе непосредна помош.
Тие би вклучиле муниција за противвоздушна одбрана, системи против беспилотни летала и артилериска муниција, но не и ракетни системи Патриот.
Тој додаде дека е уверен оти на Киев наскоро ќе му бидат достапни повеќе ракетни системи. Во тек се разговори со европските партнери, нагласи тој, за обезбедување дополнителни капацитети.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.