Лукас Хернандез неизвесен за настап на ЕП 2024

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Лукас Хернандез би можел да го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на коленото, пренесува „Л’екип“.

Хернандез се повреди на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Борусија и Пари Сен Жермен (1-0), кој се одигра синоќа во Дортмунд. Тој го напушти теренот на крајот од првото полувреме.

Француските медиуми пренесуваат дека играчот на ПСЖ во текот на денот ќе биде подложен на дополнителни лекарски прегледи, по што ќе се знае колку време Хернандез ќе мора да биде отсутен од терените.

Француските медиуми истакнуваат дека повредата на Хернандез е лоша вест за францускиот селектор Дидие Дешамп, кој на 16. мај ќе го објави списокот на играчи за континенталниот шампионат.

Се вчитува...