За време на посетата на училиштето за украински деца бегалци, принцот Вилијам ја пофали силата на Украина
Во четвртокот, стотици Естонци чекаа на студ да го поздрават принцот Вилијам во Талин, да се ракуваат со него или да направат селфи. Принцот беше срдечно пречекан во оваа мала, технолошки напредна земја, која се повеќе се потпира на сојузниците.
Британскиот принц Вилијам пристигна во Естонија со намера да ги поддржи британските војници во најголемото оперативно распоредување на британската војска во странство, што би можело да ја брани оваа балтичка држава од потенцијална руска закана.
Принцот ги набљудуваше војниците и воената опрема кои го чуваа источното крило на НАТО.
Би-Би-Си наведува дека принцот Вилијам, во маскирна униформа, гледајќи од тенк Челинџер 2, а потоа и од оклопно борбено возило, „јасно ја покажа решеноста на Британија да спречи каква било руска агресија“.
За време на дводневната посета на Естонија, принцот Вилијам посети некои од 900-те британски војници кои ја сочинуваат оваа мултинационална група, вклучително и членови на полкот Мерсиан, чијшто е почесен полковник.
Тој го обиколи воениот полигон во кампот Тапа, каде што се спроведува операцијата Кебрит, британскиот придонес за „колективната безбедност и одбрана“ на НАТО на овој ранлив балтички регион.
Принцот, носејќи ги ознаките на НАТО на својата униформа, ја набљудуваше теренската обука на борбената група и разговараше и со естонските и со француските војници.
Естонија силно ја поддржува Украина, дели граница со Русија и беше дел од Советскиот Сојуз. Во главниот град, украинските знамиња исто така се веат насекаде, покрај естонското сино-црно-бело знаме. Многу украински семејства се засолниле во Естонија.
За време на посетата на училиштето за украински деца бегалци во Талин, принцот Вилијам ја пофали силата на Украина.
„Украинската отпорност е видлива насекаде“, им рече тој на студентите, додавајќи: „Имате извонреден дух и многу добри души, а тоа е многу важно“.
Пронајдете не на следниве мрежи: