Музика

Евровизија 2024: Познати уште 10 финалисти, објавен распоредот на настапите во финалето

Евровизија 2024: Познати уште 10 финалисти, објавен распоредот на настапите во финалето

Заврши втората полуфинална вечер на Евровизија 2024 на која беа избрани уште 10 изведувачи кои се пласираа во финалето, кое ќе се одржи в сабота на 11 мај.

По избројаните гласови, во финалната вечер ќе настапат и Латвија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.

Од првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Објавен е и распоредот на сите 26 земји кои ќе настапат во финалето. Домаќинот Шведска ќе ја отвори финалната вечер во сабота, а последна ќе настапи Австрија.


X / Eurovision Song Contest

 

To top